Силниот критичар на власта Ивор Мицковски објави на Фејсбук дека подолго време го напаѓаат партиски ботови на Твитер и преку објавата на Фејсбук испраќа предупредување.

Нападите на партиските ботови секогаш се директно контролирани од врвот на една партија, тој врв најчесто застанува кај генералниот секретар.

Би му препорачал на дечкото од Крива Паланка да олабави, или во најмала рака да се заинтересира овие пракси да престанат, пошто нели, вие сте демократска власт и не се служите со инструментите на ВМРО.

Втора работа, јас кога коментирам, коментирам со име и презиме, со лице и лична одговорност за тоа што го кажувам, немам проблем кога некоја анонимна будала ме напаѓа, ниту кога се конфронтирам со друг човек, но со овие организирани и партиски предводени црни кампањи и хајки, со тоа не ми правите штета само на мене, туку на целото општество.

Ја труете јавната мисла, правите притисок врз критиката, напаѓате ад персонам, стигматизирате и генерално труете.

Притоа се криете како најобични кукавици.

Во најмала рака сакам да знаете и другите да знаат кои сте или врз кого паѓа легитимната одговорност за ваквото поведение.

Ќе се боревте против лажни вести, а вие се уште немате храброст во лице да соочите со критиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.