Бугарските историчари заклучиле дека владеењето од 1934-44 година за време на кое соработуваат со Оската, со нацистите и фашистите, ги депортираат македонските Евреи во Треблинка, а територија на Македонија ја окупираат, не било фашистичко.

Еве вака, да негираш очигледен фашизам е фашизам, пишува на фејсбук Ивор Мицковски.

Понатаму Мицковски пишува:

Да оспоруваш право на самоопределување во 21 век е форма на фашизам.

 

Да негираш јазик, историја и култура на сосед е фашизам.

 

Да ревидираш и присвојуваш нечија историја, личности и настани, да фалсификуваш факти, да ретушираш историја е фашизам.

 

Да оспоруваш право на сосед за членство во „демократски“ клуб на земји е латентен фашизам.

 

Така да, џабе се перете, како власт, политика и државен наратив и идеологија и понатаму се однесувате како тоа што го негирате.

 

Колку порано се соочите со вашите црни страници од историјата, толку побрзо ќе излезете од оваа шизофренија.

 

За жал, многу луѓе и од кај нас се решени да ви помогнат во лошите и нечесни намери кон македонскиот народ и држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.