Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес беше во посета на Радовиш. Таму тој имаше средба со граѓани, а во своето обраќање пред радовишани тој се осврна на неколку работи кои се случувале во минатиот период, а една од нив беше и неодамнешниот договор помнеѓу СОНК и владата.

-Го слушам вчера како вели дека е постигнат историски договор помеѓу министерството за образование и наука и Синдикатот за образование и наука. Истиот оној синдикат кој што побара со мене да се види и да разговара, а потоа избега и не дојде на средба. Причината зошто не дојдоа они треба да ја кажат. Еве јас нема да навлегувам во детали. Но сакам да го прокоментирам тоа, велат постигнале историски договор, постигнале зголемување на плати на просветните работници од 10%. Ќе ве потсетам синдикатот во образованието, науката и културата потпиша колективен договор со Владата на Република Македонија и тој колективен договор изминативе три години не се почитува. Ова зголемување од 10% е ништо во споредба со реалната состоја во којашто денеска требаше да бидат примањата на вработените. Зошто? Затоа што постојат коефициенти, тие коефициенти се однесуваат на минималната плата и денеска наставниците во основното и средното образование доколку Зоран Заев и оваа влада го почитуваат колективниот договор требаше да бидат минимум 31 250 денари, а да не зборуваме денеска за овие понижувачки трошки од 10%. Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето од мај месец ќе се врати кон колективниот договор и почитување на истиот договор и платите на вработените во образованието, науката и културата ќе бидат согласно колективниот договор и ќе бидат многу поголеми од овие 10% коишто денеска ги ветуваа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.