Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете дека мојата битка е и ваша битка, а целта ни е иста, повика на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Земете учество во создавањето на новата иднина, оваа наша генерација е таа која ќе се избори за промените, која ќе ги оствари соништата во кои сме верувале и за кои што сме мечтаеле. Излезете и гласајте!

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска имаше средба со партиите од коалцијата „Обнова за Македонија“ и по средбата Мицкоски повика на здружена опозција во пресрет на гласањето за вториот круг локални избори.

Опозициските гласови покажаа дека има сериозно незадоволство од власта и бараат нова иднина, повикувам на здружена опозиција, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.