За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Понатаму тој пишува:
Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото.
Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати.
Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност, пишува Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.