Јас сум многу јасен дека има два услови, едниот е да победиме и вториот, да направиме влада. И двата услови не се условени. И ако не успееме ќе се повлечам. Јас не сум како мојот политички противник, лидерот на позицијата кој бега како ѓавол од темјан да даде одговор на едно вакво прашање. Јас сум брутално искрен и ви велам не бегам одговори. Јас верувам во ВМРО-ДПМНЕ, верувам во капацитетите. Обидете се ова да го му го поставите нему тој воопшто нема да даде одговор, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Телевизија 21.

Мицкоски потсети дека ЗоранЗаев и СДСМ изгубија и во 2014 година на изборите, а пораз доживеаа и во 2016 година.

-Тоа што е кузриозитет е дека последниот пат кога СДСМ победила на парламентарни избори било пред точно 18 години. Значи една генерација граѓани се родила, наполнила 18 години и не се сеќава на победа на парламентарни избори на СДСМ, така ќе биде и сега бидејќи нема да го дадат гласот за нив. Заев жестоко ќе изгуби на изборите, кажа Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.