Премиерот Зоран Заев во една изјава вели дека провладиниот тогаш сè уште жив 1ТВ, кој што беше некако поврзан со осомничениот за сторен криминал Бојан Јовановски, самиот тој го кажувал тоа, не го кажувам јас. И сега тој истиот го гледаме со куфер Луј Витон во рацете и тој заедно со него како вршел изнуди и рекетирање на бизнисмени во државата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на емисијата на порталот „Слободен печат“.

Мицкоски потенцирашедека криминалниот октопод не завршува до првоосомничениот во случајот „Рекет.“

И вие сега сакате да ми кажете дека криминалниот октопод завршува до Бојан Јовановски? Не, посочи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека институциите треба да се насочат кон целосно откривање на главата на октоподот, бидејќи додека тоа не го правиме тогаш Македонија ќе биде само во чекалната на Европската унија.

Сè додека ние не бидеме самите свесни дека треба на октоподот во глава да му се насочиме, ние до тогаш ќе седиме и ќе си бидеме во чекалната, кажа Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.