Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека има јавно признание дека Заев грубо ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховниот суд и оти тоа тука се клучни неколку работи.

Заев јавно признава дека се влечат случаите и за таа негова стратегија знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа. Шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или ќе го цитирам „трас-трас” одлука на Врховниот суд. Значи освен премиер, бил и судија, но и обвинител, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.