Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија и за тоа како владата се справува со оваа пандемија. Имено тој во своето гостување во врска со тоа како владата се справува со оваа пандемија го истакна следново:

Нема да навлегувам во стратегијата на Зоран Заев , тој нека танцува со короната. Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која се повеќе зема замав во нашата држава и втората работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав. Не би сакал да го коментирам вчерашното гостување на Заев. Слушнавме многу работи кои навистина ако во минатато сум мислел дека станува збор за политиканство и определени алатки за да се изврти вистината, после вчерашното негово интервју јас сум сериозно загрижен од една едностaвна причина и ценам дека нема доволно познавања – истакна Мицкоски.

Мицкоски во своето гостување посочи дека сите вчерашни изнесени ставови на Зоран Заев за него се залудни.

Затоа ќе оставам тој да си танцува со таа негова стратегија за короната, но она што мене ме загрижува е танцувањето со сиромаштијата на граѓаните, но и со обидот да се справат граѓаните со пандемијата која се повеќе се шири – објасни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.