Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување на Алфа телевизија истакна дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев бега од дебати бидејќи не сака да се соочи со вистината.

Во тие наши соочувања тој го тргаше погледот и нема храброст да гледа во очи. Тука се чувствува една колебливост дека во тоа што го зборува и самиот не верува, дури и свесно знае дека рефлектира невистини. Штета што и сега не се охрабри да гостува па повторно да се забележи тоа, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски додаде дека жалосно е што Заев не сакаше да се соочи со носителот во четвртата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, бидејќи и самиот тој е носител од СДСМ, и добро е граѓаните на оваа Изборна единица да видат дуел на двајцата кандидати кои ги изнесуваат политиките пред граѓаните.

Јас и кога кажав дека ќе бидам кандидат за мандатар очекував дека од друагат страна ќе има нешто такво, но бидејќи Заев а одби таа понуда, сакаше да биде на листа, редно ќе беше да се соочи на ТВ дуел бидејќи граѓаните во Изборната единица 4 да знаат за кого да заокружат. Има граѓани кои се одлучуваат и поради впечатокот на такво соочување, изјави Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.