Заев е нервозен затоа што паѓа, порача денеска од Карпош лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, каде беше во посета на Општинскиот комитет.

И можам да кажам дека Карпош како и цела Македонија се крева против неправдите и се определува за Обнова на Македонија. Изборот е помеѓу честитост и правда која заедно ќе ја донесеме или арамилук и неправда донесена од Заев и власта. Заев е нервозен затоа што паѓа, и добро знае дека после следи одговорност, и тоа одговорност за неправдите и криминалот, одговорност за корупцијата и назадувањето, порача Мицкоски од Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.