Вечерва од митингот во Струга, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласи дека Заев се повеќе наликува на Груевски од Али Експрес, Заев е политичар кој што сето она лошо од политичарите во изминативе 30 години тој го има собрано во него.

И да не биде така се е потонато во лаги, очекував кампањата да ја почнат занимавајќи се со мене и го слушам вчера Зоран Заев во Битола го започнува митингот, поминуваат неколку минути не ме спомнал се уште, јас сум во исчекување, кога ете ти го после 10-тата минута прво ме споменува мене, па потоа го споменува мојот претходник Груевски. И така четири години, четири години една те иста приказна, те Груевски, те Христијан. Четири години лаги, четири години конструкции, измами. Човеков имам впечаток како да е опседнат со Груевски, повеќе наликува на Груевски од Али Експрес, така ми наликува. Триесет години, триесет години, најлошото на политичката сцена е собрано во овој политичар. Триесет години најлошото што се појавило на македонската политичка сцена е собрано кај Зоран Заев. И за тоа бидејќи е комплетно неспособен да го подобри животот на граѓаните во Македонија прави некои глупави споредби, некои глупави вицови, шали на кои што тој самиот си се смее“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека него не го болат навредите од Зоран Заев бидејќи него не може да го навреди ситен мал човек како Зоран Заев.

„Но, јас ќе му порачам од овде од Струга, стравот е голем, ти се гледа во очите, исплашен си за тоа што знаеш дека силно ќе бидеш поразен на овие избори. А, потоа јас ти ветувам дека заедно со тие твои пајташи околу тебе од прв до последен ќе одговарате. Од прв до последен ќе одговарате и за националното предавство и ќе одговарате за криминалот, и пљачката што ја направивте овие четири години, истакна Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.