Јас нема да давам претпоставки што би било кога би било, само ќе анализирам што имаме на располагање. Постојат три опции од кои што две се пореални, а едната е по недеална. Но сите три се катастрофални за македонскиот народ и македонската дрќава бидејќи директно сите овие три опции задираат во идентитетот на Македонците и тоа го видовме од новиот коалициски договор на потенцијалното мнозинство во бугарскиот парламент кој што вели дека основа на договорот е Резолуцијата на Бугарскиот парламент, која што е понижувачка и нема врска со европските вредности, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Патот кон“ на АЛСАТ М.

Сега имате прва опција Зоран Заев да потпише некаков протокол со кој што ќе ја прифати целосно или делови резолуцијата повторно на штета на идентитетот и тоа го прави он своерачно или министерот за надворешни работи и тука да се апстрахира комплетно одговорноста на парламентот и Уставот. Втората опција е да се потпише некој договор или протокол 5 плус 1 како и да го нарекуваат сега таму, кој што никој жив не го видел, а мора да го извадат во јавноста затоа што ќе немаме никаква обврска да го почитуваме понатаму, затоа што нема да го почитуваме е да со преговарачката рамка влезат целосно или делумно делови од Резолуцијата на бугарскиот парламент. И третата помалку возможна варијанта, најневозможна некое политичко мнозинство во Бугарија да практично донесе ново помека Резолувија, полиберална и на тој начин конечно да покажат дека заслужуваат да бидат бугарите и Бугарија дел од ЕУ и на тој начин да ни дозволат да ние го почнеме процесот на преговори, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека Али Ахмети и ДУИ никогаш немаа да имаат политичар како Зоран Заев кој како што рече е седнат во нивниот скут и ученет се со цел да го испорача она кое што им го должи на ДУИ бидејќи го одржале година и пол на позицијата каде што е.

И сега што се случува тука го имате интересот на ДУИ и Али Ахмети кои се свесни дека никогаш во животот Али Ахмети и Артан Груби нема да имаат политичар каков што е Зоран Заев седнат во нивниот скут, уценет и човек кој што е подготвен на се само да го возврати тоа што го има во политичкиот живот, знаат дека никогаш нема никој нормален политичар или премиер да потпише ваков договор каков што тие го подготвуваат затоа што нивното гласачко тело повеќе ги интересира почеток на преговори без разлика на цената која што мнозинствкиот етникум македонците треба да ја платат за да почнат тие преговори. И заради тоа тие сега си играат со Зоран Заев и го држат како заложник, му велат прави со партијата што сакаш ама тука ќе го испорачаш тоа што си го ветил бидејќи ние тебе те одржавме година и половина таму каде што си. И тоа е она кое што тие сега го работат на политички план мислејќи дека на тој начин ќе направат доволна разлика со албанската опозиција , а разликата која ќе биде меѓу нас и СДСМ на следните евентуални парламентарни избори ќе биде помала и ние ќе немаме избор и ние ќе мораме повторно да коалицираме, од прилика ова е таа нивна политичка стратегија во периодот кој што следи за која што мислам дека е погрешна, нечесна и некоректна и политички некултурна, истакна тој.

Претседателот Мицкоски упати порака до Радев и бугарската влада дека новата владата на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува новиот договор, изјавувајќи дека тој е подготвен единствено да разговара за решенија кои ќе ја носат државата напред а тоа е изградба на коридори, автопатишта, економска соработка.

Мојата порака и до Радев и до бугарскиот влада е дека овој едностран Договор потпишан од политички бегалец како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го потпише, ваков каков што е бидејќи ниту учествува, ниту знае каков е, дециден е Мицкоски

Нема да најдеме ние решение за нешто што се случило пред два три века, јас сум подготвен да анјдеме решение кое што ќе не оденесе два три века напред. Да зоруваме за изградба на коридори, железница, да зборуваме за автопатишта, економска соработка, туризам, образовна соработка. Јас веднаш сум подготвен за тоа да зборуваме како да одиме напред, а не да се враќаме назад, објасни Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.