Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Гостивар истакна дека очекува на утрешната средба на лидерите на политичките партии кај претседателот Пендаровски да се постигне договор за распишување предвремени парламентарни избори, а доколку дојде до тоа, Мицкоски нагласидека нема да прифати предвремени избори без техничка влада

Видовме човек кој што е уплашен, кој што е свесен за сите грешки кои што ги направи. Гледаме човек кој што му трепери гласот затоа што е несигурен и се обидува грчевито да го ублажи поразот кој што е неминовноста на следните предвремени парламентарни избори. Тоа што го зборував во минатото тоа го потврди Зоран Заев дека е потребен нов почеток, дека е потребен нов почеток за да може да успее Македонија, да дојде обновата на Македонија. За да од Македонија ние направиме навистина модерна и европска држава која што ќе се темели на принципи и вредности, закони и почитувања на Уставот. Силна економија, тигар на Балканот, имаме план, имаме визија, имаме стратегија, знаеме како тоа да го постигнеме. Јас сум убеден дека ќе ги убедиме нашите сограѓани и масовно да излезат и да ја дадат поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кои што ќе ги презентираме на претстојните предвремени парламентарни избори. Малку чудно беше кога го слушав денес Зоран Заев кој што велеше да се европеизираме ние за да можеме да ја европеизираме Македонија. Тоа се оние зборови кои што јас ги говорам уште од минатиот октомври, минатата година, кога велевме дека е потребно ние да се европеизираме. Но никако не можам да прифатам дека европеизацијата започнува со злоупотреба на европското знаменце на предлог законот за опојни дроги кои што во истиот ден кога отиде Зоран Заев во Брисел да ги убедува нашите стратешки партнери дека заслужуваме дата, го поднесе на шверцерски начин во Собранието,а се со една цел да му овозможи нему, и на семејството негово и на луѓето блиски до неговото семејство да остварат дополнителен профит. Кој што морам да признаам според некои луѓе кои што ги консултирав се мери во десетици милиони евра. Ете ние за такви европски вредности зборуваме, како да го озакониме продавањето на марихуана од Македонија. Наместо земја технолошки тигар, земја извозник на вредности, земја каде што луѓето ќе можат да истражуваат во развојно истражувачките центри, ние ќе бидеме земја каде што најголемиот земјоделски и најдоходовно земјоделски производ ќе биде марихуаната која што најчесто ќе биде по потекло од оранжериите и садниците во сопственост на семејството Заеви или блиските до семејството Заеви. Ете тоа се европските вредности по принципот на Зоран Заев. Ние одбиваме и ќе се спротивставиме силно на ваков тип на вредности, ние сакаме вистински европски вредности кои што ви кажав како ги детерминираме и кои што ќе бидат содржани во нашата предизборна програма, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.