Колку и номинации да се нудат за нобелови награди, абре срамот со промена на името и идентитетот и уништувањето на државата со ниту една награда не се покрива – коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за номинацијата на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, да бидат номинирани за Нобелова награда за мир.
Вели, сакаат да направат хуманизација на човек кој прави нехумани дела:
И еве гледам деновиве, го пуштија еден нивен коалиционен партнер и еден поранешен амбасадор кој иако сега ректор меѓу луѓето е познат по неформалните разговори дека повеќе му одело како трговец со дипломатски недвижности, и овие тргнале по регионот да го промовират Заев во кандидат за нобелова награда. Значи спроведуваат операција со која сакаат да направат хуманизација на човек кој прави нехумани дела. Ова само ја потврдува пакоста кои и ја прават на државата па тргнале Заев да го промовираат во миротворец. Не оди тоа така. Насила не бива. Не сум видел нобеловец до сега, ниту сум прочитал, кој на видео се гледа таму пикнат во затемната канцеларија да бара мито од 200 илјади евра, и разработува шема како да се одвива авантата по принципот на Мирчо Свињарнико. Не сум видел нобеловец кој се преставува за миротворец а јавно кажува дека јаде живи луѓе и тепа луѓе што ќе го критикуваат него или неговото семејство за погрешнит3е политики кои ги водат и за пљачката што ја прават. Не сум видел нобеловец а кој толку многу црнила направил за својата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.