Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и вчеравечер зборуваше пред насобраните граѓани кои излегоа на маршот низ скопските улици, со цел да му кажат стоп на премиерот Зоран Заев и неговата Влада за сите црнила кои ги донесоа. Мицкоски зборуваше за проблемите со кои се соочува народот, за неправдите и лошите одлуки. Тој им се обрати и на оние кои протестираа за време на Шарената револуција, запрашувајќи фали за ова протестирале.
-Околу неправдите и околу судството, сакам да кажам две работи. Сестрата директор на академијата за обвинители и судии, братот главен преговарач во комисијата што треба да ја одреди смерницата на нашиот идентитет, а тоа е археологијата, образованието и историјата. Ќерката државен секретар во секретаријатот за европски прашања. Мајката советник во град Скопје од редот на СДСМ, епа шарени мои, епа шарени мои сограѓани, браќа и сестри од СДСМ за овие трчавте вие. За вакви кланови да ви се инсталираат, мајката, ќерката, таткото, сестрата, такви ги има стотици и од протест на протест ќе ги спомнуваме. За тоа трчавте пред две години и затоа ги фарбавте улиците, да седите вие дома, а они да уживаат во привилегиите. Тоа е истиот СДСМ од времето на транзицијата кој што пљачкаше и хараше, тоа се тие истите луѓе – рече Мицкоски.
Тој потсетува дека тоа се реформите во судството кои ги спреоведе владата на Заев.
-Тоа е она правично судство, тоа е онаа правдина и право со кое што се тргува, заедно со оние наши поранешни браќа и сестри кои што ја ставија својата чест и достоинство, рамо до рамо со Зоран Заев. Тие честити луѓе, душата ме боли кога тоа го гледам и многу луѓе ме прашаа, зашто гласавме, ќе гласаме за секој оној кој што може да се спаси од политички прогон, затоа што нашата позиција е чесна, честита и принципиелна. Ова што го прави овој Афрички монарх внатре е политички прогон и ние ќе се бориме до последниот човек, без разлика дали бил пратеник, дали бил уметник обичен човек или граѓанин во оваа држава, секој оној кој што е под прогон ние ќе се бориме се до последниот еден. Сега и во иднина. Тоа треба да биде запаметено – додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.