Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во интервју за Дојче веле вели дека Македонија четири години тапка во место.

За неговите средби во Европа вели дека иако неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, треба да се искористи сиот расположлив потенцијал за да се направи притисок и придвижување на патот кон Европската унија.

Имаме две опции – или да се задушиме во домашни обвинувања за тоа кој шири лажни вести, а кој ја говори вистината, па да се спроведува операција со која ќе се сака да се прикрие анексот на Договор за кој јавно говори Бугарија, а гледаме дека власта во Македонија моли Бога да не се дознае. А во меѓувреме, ако може да се исфрли предметот историја како посебна наука во образованието, зашто на тој начин се сака да се додвори до страната која бара многу повеќе од тоа, и се’ така да се вртиме во круг и подлабоко да тонеме во мочуриштето на власта. Или пак, втората опција е да не чекаме, да тропнеме на вратите кои можеме да ги отвориме, и да побараме поддршка за она што е заедничка стратегиска цел, а тоа е одблокирање на патот кон ЕУ. Притоа мораме да бидеме свесни дека сериозно како држава заостануваме во многу реформи. Четири години власта е во рацете на Заев, и четири години имаме тапкање во место, додека регионот и светот има достигнувања и напредоци. Нема време за губење, вели Мицкоски за ДВ.

Појаснува дека освен ЕУ, тема на средбите ќе бидат економските потенцијали особено во оваа ковид-криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.