Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук за т.н случај „Теретана“ откако денеска Обвинителството денеска се изјасни дека нема да постапува по него.

Тој вели дека три години целата јавност е сведок на најбрутална црна кампања спроведена врз мене. Преполна со лаги, измислици, подметнувања и клевети, потпомогнати со еден куп медиуми платени со парите на мафијата, дел уценети за својата слобода, чија задача е да се тргне вниманието од продажбата на светите работи, криминалот и немањето на резултати кои ќе го подобрат животот на граѓаните

Нивното обвинителство не можејќи да најде ниту една темна дамка во моето однесување, денес објави дека нема ништо од случајот “Теретана”, дека не е прекршено ниту едно правило, или несовесно постапувано, наспроти целокупното брутално лажење на СДСМ пред изборите на оваа тема

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.