Во интервју за МРТВ 2 кое беше едмитувано попладнево, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека доколку се погледнат фотографиите од опкружувањето на Боки 13, првоосомничен во „Рекет“, и луѓето кои биле во негово друштво, јасно е дека таму има голем број на функционери на СДСМ.

Погледајте ги кои се се луѓето кои што седат позади Бојан Јовановски на основачкото собрание на Меѓународниот сојуз онаа невладина организација и се ќе ви стане јасно. Погледајте кој е почесен претседател на таа невладина организација и повторно ќе добиете потврда на она што сте си го одговориле при првото прашање и не треба човек да е премногу голем мозок или да има да има некакви други поинакви способности да заклучи дека релацијата е многу покомплексна во овој октопод и не се завршува на овие три притворени лица Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева туку октоподот може да дојде богами и до лица кои што се во врхушката на власт, истакна Мицкоски.

Тој изрази стравување дека случајот има и свое продолжение во „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ итн. Во однос на кој се е вмешан во рекетирањето на бизнисмени и политичари, Мицкоски посочи дека е доволно да се види кој седи зад Боки 13 на основачкото собрание на „Меѓународниот сојуз“.

Се плашам дека овој „Рекет“ не е само „Рекет“, туку ќе имаме и негово продолжение во „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ итн. Имаме такви информации, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.