Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја искоментира последната анекта во која опозицијата има стабилна предност пред СДСМ, и одбивањето на вицепремиерката Шекеринска да ги прифати резултатите.

Кога зборуваме за анкетата која ја споменавте и претпоставувам реферирате на она што вчера беше објавено во медиумите каде што ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 4% во целиот примерок и некаде околу 8% кај македонските гласачи, и она одбивање од страна на вицепремиерката без притоа да ја види истата таа анкета како нерелевантна и дека поинаква била реалноста, јас тука навистина можам да се сложам со Радмила Шекеринска и да кажам дека, да, реалноста е поинаква и дека разликата е многу поголема од таа што е на анкетата. Ние мислиме дека таа е многу повеќе од 4% и е многу поголема од 8% кај Македонците. Еве гледате дека за некоја работа можеме и да се сложиме со СДСМ и дека навистина бројките се многу поразлични, но таа разлика е многу поголема од бројките што беа презентирани вчера во медиумите, објасни Мицкоски.

Тој додаде дека падот на СДСМ е очекуван и оти ќе ја  доживее судбината на некои нивни сестрински партии во соседните земји.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.