Пред одржување на состанокот со Стопанската комора на Северо-западна Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање во однос на пронајдената марихуана во автомобил на МВР на албанско-црногорската граница, истакна дека е јасна спрегата меѓу криминалците и власта во Македонија.

Мицкоски порача дека треба што побргу сите во Владата колективно да си дадат оставки и да заминат.

Јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и никој не треба да има дилема. Се издаваат пасоши на нарко босови од Балканот, се фаќаат дипломати со македонски пасоши кои што се бараат по потерници по Интерпол и денеска или вчера се случи скандалот во кој е заборавена дрога во возило што го користат вработени на МВР. Што повеќе треба да се случи во оваа држава за да овие луѓе сфатат дека треба веднаш сите колективно да си поднесат оставки и да заминат – нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.