По повод големиот христијански празник, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на службата во црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров. Заедно со Мицкоски, свеќа запалија и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.

Овој голем ден нека ви донесе здравје, радост, светлина, љубов, среќа и топлина во вашите домови која ќе ве следи во текот на целата година. Раѓањето Христово нека служи како потсетник на традиционалните вредности кон кои се стремиме, хуманоста, разбирањето и меѓусебното почитување. Исус ги освои срцата на луѓето со својата благост и љубов, ја победи смртта и ни ја врати надежта, неговите дела нека бидат пример за сите, упати честитка денеска Мицкоски. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.