Стоиме на ставот дека селективна правда не добра правда и не вистинска правда, но секое она законско решение кое што ќе понуди спас за сите оние лица кои што се под политички прогон, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во вестите на Канал 5 телевизија.
Мицкоски посочи дека изнудениот процес на таканаречено помирување кое што беше понудено од страна на премиерот Зоран Заев, сите знаат во каква намена беше и која му беше целта на тој процес, односно дека целата јавност има информација која беше целта и намената на тој процес.
Ние имавме честита цел, поднесовме неселективен закон кој што ги опфаќаше сите оние лица на директен или индиректен начин кои што биле вклучени со случувањата на 27 април. Тој како што видовте беше одбиен од страна на парламентарното мнозинство, без некоја поширока дебата, без некои аргументи кои што ќе беа логични за да бидат презентирани, потенцираше Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.