ВМРО-ДПМНЕ почна една теренска анкета и телефонски ќе започне во понеделник. Месечно правиме по една теренска анкета. И во овој момент ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДСМ – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното “Студио 10” на 24 телевизија.

За протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека не е важна бројката на луѓето кои се присутни, особено во време на корона криза, туку важно е јавноста да слушне дека има кој да се грижи за македонските национални интереси.

И тоа го слушна јавноста и заедно со народот го направивме првиот чекор и јас им благодарам за тоа кои сите беа заедно со нас. И ги повикувам на будност во наредниот период што следи и обединување, за да го победиме Заев. Свесни сме дека Заев повторно ќе уценува, ќе подмитува, ќе поткупува и сега треба да смислиме начин како тоа да го спречиме. И затоа сега треба обединување на фронтот, кој што е опозит на Владата и да ги победиме на локални, а со тоа и потоа да ги делигимитираме на парламентарните избори – дециден е Мицкоски.

На прашањето дали ќе има коалиција со Алијансата за Aлбанците, Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време повикува на вистинско обединување, односно со акции и дела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.