Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Ѓорче Петров порача дека василичарските огнови се традиција и момент кога православните Христијани го чествуваат овој ден на таков начин, одговарајќи на прашањето дали е во ред да се пали оган и по препораките за загадувањето.

-Не е во ред да им се ветува на граѓаните, како што тоа го правеше власта, дека само што ќе се промени власта ќе почне да дува алпски воздух. За да дишеме чист и квалитетен воздух потребни се мерки и политики кои што тоа ќе го направат, а не празни ветувања и играње на ниски страсти, како што тоа го правеше СДСМ. Многу скоро, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе излезе со програма и мерки како ќе обезбедиме квалитетен воздух за граѓаните. Не на начин како што тоа го правеше СДСМ дека “само што не си заминал режимот и веднаш ќе почне да дува алпски воздух“, туку со мерки и методологија која емпириски ќе ја докажеме пред граѓаните. Тоа е вистински и честит пристап на решавање на реалните проблеми на граѓаните. Инаку, во вакви чествувања на вакви големи денови, треба да гледаме момент кога граѓаните се собираат и кога си посакуваат убави желби. Една од тие желби е да се случат предвремени парламентарни избори, граѓаните да си ја вратат државата во свои раце. Ние не посакуваме избори за да добиеме функции, напротив, туку да ги казниме овие погрешни политики и лажни ветувања на СДСМ и ЗОран Заев во минатото, изјави Мицкоски за 1ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.