По забелешките од надзорот, продолжуваат градежните работи за целосно реновирање на трибините на битолскиот стадион „Под Тумбе Кафе“, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше во посета на општина Битола.

Мицкоски заедно со битолскиот градоначланик, тони Коњановски, извршија увид во активностите на стадионот, при што информираа дека во тек е тендерска постапка за набавка на 4.800 столчиња за cеверната трибина.

Изградбата на стадионот, односно на cеверната трибина од функционална целина стадион „Под Тумбе Кафе“ Битола е почната во 2016 година од страна на претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во моментот во тек се изведуваат градежни активности по забелешките од надзорот. Исто така во тек е постапка тендерска за набавка на столчиња за трибината. Капацитетот на трибината ќе биде 4.800 гледачи, а целиот стадион ќе собира 9.980 гледачи – информира Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.