Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Премиерот на Унгарија Виктор Обран.
Средбата со премиерот Орбан која беше на државно ниво и со официјален пречек се случи во неговата официјална резиденција во замокот „Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со премиери, претседатели и други високи гости.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.
Мицкоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.