Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Прилеп. Посетата му започнува со средба со млади во клубот „Калипсо“ точно на пладне. Во 12:45 часот ќе го посети штандот на ВМРО-ДПМНЕ во паркот на Револуцијата, а предвидена е изјава за медиуми во 13:15 часот. Во 13:20 часот ќе оствари средба со просветни работници во Амфитеатар на Могилата на непобедените. Мицкоски ќе ја посети општина Кривогаштани (17:00), општина Крушево во(18:30) часот, општина Прилеп (20:30 часот).

Носителката во ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова ќе даде изјава при отворање на регионален штаб, на булеварот Партизанска во 12:30 часот. А, трибина под наслов „Квалитетно и модерно образование за иднината на Македонија“ во 19 часот ќе одржи во Паркот на светлината.

Носителот на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе даде изјава пред Поликлиника Чаир во 12 и 30 часот.

Игор Јанушев, носител на ИЕ3, ќе ја посети општина Зрновци во 10 и 30 часотЌе ја посети општина Виница, во 18:00 часот предвидена е изјава кај паркот во центар. Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Јакимово и ќе има свое обраќање во 19:00 часот. Ќе оствари средба со граѓани во Месен Комитет Истибањи и ќе има свое обраќање во 19:30 часот.

Носител на ИЕ 4, Александар Николоски во 13:15 ќе даде изјава во паркот на Револуцијата, Прилеп.

Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска во Теарце, с. Варвара ќе ја посети црквата и во 10:30 часот е предвидено е изјава за медиуми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.