Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Македонската телевизија кажа дека во политиката не се сите исти колку и да сакаат СДСМ и Зоран Заев тоа да кажат.

-Јас не велам дека најпрво таму ќе затропа правдата, се понудувам себеси и моето семејство да бидат први кои што ќе бидат дел од тој политички рез. И тоа секаде го зборувам секаде на сите митинзи на сите настани. Но логично е веднаш по мене да биде господинот Зоран Заев и тоа семејство. И логично е за да може да се докаже ова сега што го зборува иако морам да признаам несигурен, да докаже дали е тоа вистина или е невистина. Тоа е она јас што го зборам а потоа велам сите останати политичари во државата ќе бидат подлежни на тоа да докажеме дека не сме сите исти- нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека колку и да се трудат Заев и СДСМ да стават знак на равенство во политиката не се сите исти.

-Во политиката не се сите исти колку и да сакаат СДСМ и Зоран Заев тоа да го кажат. Имаме кадри кои се многу поразлични од нив и кои што поинаку ќе ја водат политиката- заклучи Мицкоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.