Вистинската метла е потребна за оној во чии раце се наоѓа, порача од Македонски Брод Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Во Македонски Брод можеби луѓето најсилно ја живеат сиромаштијата и уништената перспектива која оваа власт ја донесе и продолжува да ја носи за секој еден човек. Нема ниту една нова инвестиција, нема ниту нешто што може да се протолкува како проект или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните. Овде луѓето не се ни надеваат на ветените 500 евра просечна плата, во Македонски Брод борбата е да се стигне до било каква плата, рече Мицкоски пред граѓаните.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ говореше и за 500-те евра кои јавно премиерот Заев, кои, според него се измама.

Исто како што се измама и ветените 1500 евра плата за лекарите, субвенциите за земјоделците, враќањето на младите во државата. Имаме непродуктивен буџет со кој се купува социјален мир, и наместо да има капитални трошења има само тековни расходи и сервисирања на трошоците на власта. Пари кои одат за тековно трошење, наместо капитално планирање. И за сето ова не се криви неговите општински организации, носителот на овие измами е Зоран Заев. Вистинската метла е потребна за оној во чии раце се наоѓа, рече Мицкоски во Македонски Брод.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.