Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Моцкоски беше во посета на Долни Подлог каде се сретна со производителите на ориз.

Бев на средба со оризопроизводителите од Долни Подлог. Тврдат дека се брутално излажани од Владата, никаде ја нема помошта и субвенциите кои ги имаат ветено, цената која е формирана, и она што сега постои е под секоја економска логика. Им рекле да чекаат да се направи ребаланс. Помошта ја нема, а состојбата е алармантна. “Нема шанса да издржиме, земјоделието е пред пропаст, ние сме последните ентузијасти кои се занимаваат со земјоделие. Влеговме во долгови, а притисоци ни прават на секој чекор, ако се побуниме уште криминалци ќе не прогласат. Ако се во можност и душата ќе ни ја земат”, вели револтирано и со солзи во очите еден од земјоделците со кои разговарав. Оваа измамничка и криминална каста си поигрува со судбините на илјадници семејства. Тие не бараат милостина, туку она што го имаат заслужено и заработено, и она што Владата им го ветила. Животот на Заев прерасна во пекол за земјоделците и сите останати граѓани, овде е борбата за гола егзистенција. Овде во Подлог само “блеска” сиромаштијата и маката на земјоделците и тоа мора да се смени. Промени кои ќе донесат обнова, кој ќе донесат достоинство и сигурност за земјоделците и секој еден човек. Ветувам дека ќе направиме се што е во наша моќ да влијаеме и работиме оваа катастрофа што сега народот ја живее да се промени!, напиша Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.