Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Петровец од каде што истакна дека Македонија во моментов е окупирана од целосно неспособна и криминална власт предводена од аболицирани политичари до гуша вплеткани во криминални афери и политички криминал

Мицкоски истакна дека на овие избори граѓаните имаат еден избор бидејќи на една страна се наоѓаат неправда, криминал и понижувања предводени од политичари од транзицијата на СДСМ и Зоран Заев, а од друга страна се наоѓа правна држава со чесни политичари од ВМРО-ДПМНЕ чија главна водилка во работата ќе бидат честа и достоинството.

Ветуваа буквално се, се сеќавате дека велеа ќе донесат живот во Македонија и едно општество за сите, ама излезе едно општество за едно семејство, некако само тоа семејство да живее се поубаво пораскошно и подобро а сите други живеат во беда разочарани да ја напуштаат државата, изјави Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека наместо правда и реформи во правосудството СДСМ донесе „трас трас“ судски одлуки кога требаше да се тргува со честа и достоинството и на брутален го сменија Уставот, носеа закони по мерка на Заев, како и ослободителни пресуди за Поткуп каде што гледавме еден политичар како бараше евро за бате, евро за нешто друго.

Кога станува збор за обвинителството тука ја проширија и ја надградија работата, донесоа уште поголем срам со куфер Луј Витон и неколку стотици илјади банкноти во евра. Таква реформа донесоа во обвинителството, го трансформираа во Луј Витон обвинителство, а во судството донесоа „трас трас“ реформи кои ним им донесоа слобода, а за граѓаните донесоа репресија страв и криминал, изјави Мицкоски

Тој посочи дека СДСМ наместо мир донесоа немир во душите на нашите сограѓани, сите се сеќаваат како СДСМ и Заев ги злоупотребуваа случаите на Младенов, Нешковски и да ја ветуваат вистината за да потоа се прават дека не го кажале тоа.

Мицкоски истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени, ќе донесе вистински реформи во судството и обвинителството бидејќи правната држава е најважна за да може вистински да започне обновата на државата, обнова која ќе има над 1000 проекти со кои ќе се подобри животот на секој еден граѓанин во Македонија.

Се обврзуваме на минимум 25% поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20% поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога 2 пати годишно растеа пензиите, најнизок данок во Европа од 8%, невработеност под 10%, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0% данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10% до крајот на 2021 година, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза и за студентите ослободување од партиципација во учебната 2020/2021, а нашите иселеници кои сакаат да инвестираат да тие инвестиции ги донесат и бидат безбедни и сигурни.

Минимум 4 милијарди евра домашни, но и странски инвестиции, реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот, ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега, изјави Мицкоски.

На крај Мицкоски нагласи дека за сето ова да може да се случи потребно е да се излезе масовно на 15 јули и да се гласа за број 14 и да се поддржи Игор Јанушев кој ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ, за да може уште веднаш да започне Обновата на Македонија.

Се обврзуваме на раст на БДП од 4-5% годишно, намалување на невработеноста под 10%, домашни и странски инвестиции во…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Samstag, 4. Juli 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.