Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој е во посета на Брисел соопшти дека ВМРО ДПМНЕ ќе ја има поддршката од белгиските пријатели.

Имав средба во Брисел со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД и доскорешна долгогодишна министерка за економија, трговија и иновации на Белгија, Patricia Ceysens. Особено внимание во разговорот посветивме на размена на искуства за локален економски развој, во пресрет на локалните избори.
Секоја соработка е значајна, особено што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди најсодржајна и иновативна програма која ќе го содржи сеопштиот развој на населените места, со фокус на претприемништвото, поддршка на иновациите, инфраструктурна преродба како и поддршка на компаниите, домашни и странски, кои ќе отворат нови работни места. Ќе се бориме за секое работно место. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има поддршката од белгиските пријатели, објави на Фејсбук Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.