Во вечерашната емисија Топ тема Мицкоски уште еднаш потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ е важно интегрирањето на државата во Европската Унија и подвлече дека никакограѓаните на Република Македонија не треба да бидат казнети поради политиките на СДСМ и Заев.

За нас е важно и покрај сите неуспеси на оваа влада, покрај сите недостатоци кои што се резултат на нивното функционирање изминатите две години да не бидат казнети граѓаните, да Република Македонија добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија. Јас самиот ќе поднесам иницијатива до органите на партијата за  ВМРО-ДПМНЕ  да работи со владата се со цел да се надминат нивните недостатоци и Република Македонија да добие датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија барем до октомври, соопшти Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.