Во емисијата „Отворено“ на 24 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја порази СДСМ секаде во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 42,5 од гласачите, на изборите во 2004 година ВМРО-ДПМНЕ освои 34 проценти. Кога ние би имале една симулација на локални избори ВМРО-ДПМНЕ би освоило најмалку 43 градоначалници, година и половина после локалните избори, истакна Мицкоски. Од друга страна Заев ја зголеми својата коалиција, но му се намали поддршката. ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година доби власт со 304 илјади гласови, а сега на претседателските избори има повеќе, подвлече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.