Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на отворањето на новиот штаб на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел и оствари средба со членови, поддржувачи и симпатизери на партијата.
На Фејсбук Мицкоски ги сподели впечатоците од средбата со бутелчани.
ВМРО-ДПМНЕ Бутел покажува како се сака својата земја и како се пркоси на сите овие црнила кои се случуваат на нашата земја. Еден повозрасен граѓанин ми рече, знаеме дека ВМРО е под удар на нечесната и криминална власт, но во овие кризни времиња ВМРО било најсилно затоа што секогаш е со народот. И навистина е така, ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот и му припаѓа на народот и ниту еден смислен удар на оваа црна власт нема да не ослаби, ниту поколеба да ја браниме слободата, правдата и нашите вредности.
На средбата во новоотворениот штаб Мицкоски се осврнал на нарачаното судство, нарачаното обвинителство и изразил уверување дека ВМРО е многу посилно од вештачката слика која сакаат да ја креираат во јавноста.
Имаме неуспеси, црнила во секое поле. Дневно ќе ве бомбардираат со вести дека прават неверојатни реформи, неверојатни работи кои во реалноста никаде ги нема. Розевите очила се само во зборовите на владините спинери од министерството за пропаганда кое дебело го плаќаат, но црнилата кои ги имаме, сите ние ги живееме. Името кое го менуваат, повисоките даноци, лебот кој поскапува, бензините, субвенциите кои ги нема, пензиите кои се намалуваат… Црнилата се сите неуспеси на оваа влада. А што е неуспехот, тој се состои од сите ненаучени лекции од минатото. И затоа оваа лекција ја научивме сите, и нема да се повтори. Оваа криминална влада и овие црнила мора да се победат, а ВМРО ДПМНЕ е таа сила која ќе донесе промени, пишува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.