Во денешната емисија на „ 24 Отворено“ гостуваше Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО ДПМНЕ кој кажа дека партијата е обединета и силно мотивирана да победи на следните парламентарни избори и да ја ослободи Македонија од владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ е обединето, ВМРО ДПМНЕ е силно мотивирано да победи на следните предвремени парламентарни избори и да ја ослободи Македонија од оваа влада предводена од СДСМ и Зоран Заев. Но, истовремено треба да сме исто така свесни дека Зоран Заев и СДСМ ќе користат определени политики и алатки за да нормално се спротивстават и го ублажат тој пораз кој што следи на следните предвремени парламентарни избори рече Мицкоски.

Тој дополни дека е свесен дека СДСМ користи дополнителни политики и алатки за да се спротивстават на следните предвремени парламентарни избори се со цел да го ублажат поразот. Мицкоски дополни дека им посакува среќа на оние кои мислат дека треба да се формира нова партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.