Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

Денеска заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски / Timco Mucunski се сретнавме со Директорот на Меѓународниот републикански институт за Европа, Пол Мекарти.
На средбата ги потврдивме добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и International Republican Institute (IRI) и се согласивме за понатамошна продлабочена соработка.
Го информирав господинот Мекарти за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ насочена кон стратешките интереси на нашата земја за членството во ЕУ и НАТО.
На средбата дискутиравме и за актуелната политичка состојба, предизвиците и реформските процеси.
Посочив дека власта доцни со потребните реформи и го нема потребниот капацитет да ги спроведе истите.
Исто така го истакнав недостатокот на демократски капацитет кај власта и злоупотребата на државните институции за свои лични интереси, притоа ја потенцирав се поприсутната корупција, непотизам, матните тендери, грантови и други незаконски активности.
Порачав дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.