Продолжува увозот на струја, продолжуваат “хероите” на Владата со авансно плаќање, продолжуваат со „херојските” авансни провизии, вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Новиот увоз на струја е за 4 дена, од 8ми до 11ти Декември, а ЕСМ за овој увоз “херојски” ќе плати со народни пари повеќе од 3.700.000€.
Од 7ми Ноември до 11ти Декември или за само 35 дена потрошени се вкупно 36.688.848€ за увоз на струја. Увезуваат затоа што немаат план, не знаат и “херојски” делат авансни провизии. Трансформаторот кој требаше да биде инсталиран на 1ви Ноември за да проработи Битола 3 уште не е ни во Македонија.
Доаѓа крајот на корумпираните политички измамници. Доаѓа време за одговорност!, пишува Мицкоски на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.