Вистинското решение за Радовиш е Александар Ристов. Им благодарам на сите граѓани кои во огромно мнозинство гласа во првиот круг, а неговото водство е сигурен сигнал дека имаме правилен избор. Во советот ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за “Обнова на Македонија” имаат најголем број на советнички места, што гарантира дека изборот на Ристов за градоначалник ќе значи лесна и конструктивна реализација на сите проекти. Ристов има план и визија за развој на Радовиш. Човекот кој е успешен во приватниот живот, сигурен сум дека од Радовиш ќе направи пример за успешна општина.
Затоа, заокружувањето на бројот 7 е сигурна опција за нова иднина, промени, проекти и победи – потенцираше вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е на средба со граѓаните на Радовиш.

Во вториот круг во Радовиш одат Ристов од ВМРО-ДПМНЕ со 4 894 и Коле Чаракчиев од СДСМ со 3 280 гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.