Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „КланДебата“ го спомна и видеото кое се појави на социјалните медиуми зад кое, како што рече, стојат претседателот и заменик-претседaтелот на СДСМ. Во тој видеоспот се вели дека Христијан Мицкоски бил човекот кој бил најсреќен што Македонија не добила датум за почнување преговори и тоа е спротивно на тоа дека СДСМ ја признаваат неговата улога како опозиција во рамките на тие процеси.

Да беа барем малку доблесни и да не беа лицемерни, доколку се обидеа објективно да го видат проблемот, ќе видеа дека сите ние придонесовме во тој процес со исклучок на нив, односно сите ние можеби за нив сме виновни, виновна е опозицијата, виновни се неколку земји во ЕУ, а само одговорноста не е кај нив, односно кај Зоран Заев и СДСМ, истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека тоа е погрешно, бидејќи јасно беа поставени целите коишто Република Македонија требаше да ги исполни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.