Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Македонски Брод се осврна и за неправдите и неисполнетите ветувања на власта,  дека ветуваа подобар живот за младите, но ништо не исполнија, ветуваа и подобар живот за земјоделците, но повторно излажаа.

 

Бев во Ресен разговаравме со ресенчани, за нивната мака, сведочеа како со пила ги сечат крошните кои род раѓаат, затоа што еден килограм јаболка е еден денар и нема ни за тоа кој да ги купи. Во Малешевијата и Пијанец и сливите се истураа на улиците затоа што немаше кој да ги откупи, кога бев Кочани полни се магазините со ориз, но нема кој да го откупи оризот, раноградинарските производи останаа необрани затоа што немаше кој да ги откупи, нагласи Мицкоски, од Македонски Брод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.