Претсеателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва ќе гостува во емисијата „360 степени“ на новинарот Васко Попетрески. Како што соопшти Попетрески, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговарале за политичката оправданост на барањето за предвремени избори, за иницијативата за укинување на т.н. пржинска влада, трендовите во јавното мислење, перформансот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и меѓузависноста со тајмингот на следните парламентарни избори, односите со Бугарија, случајот со купопродажбата на земјиште за потребите на „ЕВН електрани“…

Интервјуто ќе се емитува вечерва од 22 часот на ТВ Алсат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.