По аудио бомбата која во неделата беше објавена, а на која јасно се слуша како лидерот на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев зборува дека без него ништо не може, ни судство, ни обвинителство денеска ВМРО-ДПМНЕ излезе на улица. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги актуелните случувања, бомбите, рекет и слично, посочи дека и при една ваква поставеност на работите,Заев се осудува да маршира на улиците за правда.

– Овој истиот Заев одовде, на маршот кој го правеше им порача на судиите не се плашете од Мицковски. Јас би рекол познато ни е дека овој човек не знае што зборува и е непресушен извор на гафови ама замислете судиите да не се плашеле од мене, и ова ги предупредува човеков што е на власт три години и владее брутално, човекот кој викаше дека Младенов бил убиен, а за децата на Смилковско има други убијци и така се додека не ги ослободи, човекот кој Диво Насеље го спореди со игра камај и ги остава терористите да се гоштеваат по затворите како да се холивудски звезди, човекот кој слава стекнуваше на страшното убиство на Нешковски за да после да се слика со убиецот и да го пушти да избега. Таков ли монструм ќе објаснува на судот да не се плаши од мене, кој цел живот со книга и пот го градев и се пробивав. Единствен што треба да се плаши е тој и оние малкумина советници и слуги кои му слугуваат. Зашто многу се огреши. А во животот има карма ние ја викаме Божја промисла. И се се враќа, се се плаќа.


Кој одговараше овие три години, по годините кампања кои ги водеше Зоран Заев, тортура на државата? Одговорот е ниту еден. Не докажа ниту еден криминал, а премногу криминали се амнестираа. И да бидам прецизен и јасен, и сакам јасно да разбијам една лага која ја шират медиумските слуги на власта, јас сум за апсолутна правда, и сакам јасно да подвлечам, многу јасно да соопштам дека не сме сите исти. Различни сме, и тоа многу сме различни. Не сме сите исти, затоа што ниту денес, а ниту утре кога граѓаните ќе ни дадат мандат нема на памет да ми падне да се мешам во судската власт. Ниту да попречам правда за било кого, било да е член на ВМРО или СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците или некој друг. Ама ќе има одговорност, тоа мора да има. И еве тука седам пред вас неколку илјади, а и тие што во домовите, ви ветувам, одговорност за криминалите мора да има, без разлика кој каде кога и како го сторил – рече Мицкоски.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.