Односите со Кочо Анѓушев ни се колегијални, коментира Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија каде што вечерва беше гостин.

Вицепремиерот Анѓушев и Мицкоски се колеги и двајцата се професори на Машинскиот факултет во Скопје.

Мицкоски потенцираше дека има разлика меѓу Анѓушев вицепремиер и Анѓушев универзитетски професот.

Кочо Анѓушев како универзитетски професор беше посилна и подостоинствена личност. Како вицепремиер, не познавав таков човек, рече Мицкоски на гостувањето на „360 степени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.