Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Петровец порача дека доста е од ароганцијата и манипулациите на власта, коментирајќи ја снимката која денеска излезе во јавноста, каде луѓе блиски на власта меѓусебно се тепаат, додавајќи дека кога станува збор за 14-те починати луѓе во модуларната болница виновен им е кабелот, но кога не можат да се договорат за бизнис делат тупаници среде Скопје.

Толку се нервозни што почнаа меѓу себе да се тепаат по улици, очи да си вадат.

Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека виновен е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје. Заев и неговите во оваа кампања се надминуваат себеси. Ако претходно секој ден имаше по еден до два скандали сега се веќе 3 до 4 дневно. Кулминира лудилото, ароганцијата и опиеноста од моќта на владењето, зачинето со страв од пораз па почнаа да се распаѓаат по сите шевови, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.