Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

На средбата било разговарано за актуелните политички случувања во државата, членството на Република Македонија во Европската унија и престојните парламентарни избори.

Нагласив дека приоритет и стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е членството во Европската унија, притоа потенцирав дека ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како Македонија да ја стави на брзата трака за членство во Унијата. Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде фокусирана на суштински реформи во правосудниот систем и спроведување на реформски процеси клучни за европската перспектива на Република Македонија. Потенцирав дека високиот степен на криминал и корупција во највисоките ешалони на власта се клучниот проблем со кој се соочува нашата држава, а токму ова е аргумент во застојот на интеграциите. Ја истакнав и важноста на фер и демократски изборен процес за иднината на државата, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.