Ќе нѐ има се повеќе, не треба да се обесхрабруваме. Тешка ќе биде битката, но ве уверувам дека на крајот народот ќе ја победи мафијата и ќе дојде правдата и силно ќе огрее сонцето за секој еден во нашата држава, порача на Фејсбук лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вечерва во Скопје се одржа еден од низата протести кои ги организира најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Нашата иднина мора да е во земја во која правдата ќе владее, во која политичарите ќе бидат покорни слуги на народот. Безусловна правда значи апсолутна правда, без правда нема силна држава. За да има правда мора мафијата да биде поразена и брутално изнесена пред лицето на правдата, да одговара за сите неправди кои ги нанесе на секој еден граѓанин, без разлика на етничката припадност. А ќе падне, знам дека на мафијата ќе и се случи народ, порано или подоцна!, напиша Мицкоски.

Ќе нѐ има се повеќе, не треба да се обесхрабруваме. Тешка ќе биде битката, но ве уверувам дека на крајот народот ќе ја…

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 23 September 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.