Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во гостување на телевизијата „Шења“ изјави дека процесот на реформи во партијата завршува со овие локални избори.

„Со овие локални избори буквално заврши реформата во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски во емисијата „Дебати“.

Тој вели дека се извршени кадровски промени речиси на сите нивоа во партијата, споменувајќи ги големиот број нови пратеници во Собранието, луѓето кои ги сочинуваат советничките листи на локалните избори, како и промените извршени во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ ширум земјата.

Мицкоски направи споредба со владејачкиот СДСМ, истакнувајќи дека таму „сѐ уште има ликови кои се поврзуваат со транзицијата и минатото“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.