Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Битола изјави дека слушнал дека специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева имала забрана за напуштање на Македонија.

Слушнав разно-разни шпекулации дека Катица Јанева ја напуштила Македонија, дека Катица Јанева е во Македонија. Па денеска дека добив информација дека на сите гранични премини има знак С, што значи да се задржи, да не се пушти да ја напушти територијата, како да ви кажам – преседан за кој што навистина не постојат правни аргументи со кои може да се одбрани, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.